Сеул: Северна Кореја денеска истрела неколку крстаречки ракети

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја денеска истрела неколку крстаречки ракети од нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.

Во соопштението на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја се наведува дека лансирањето на неколку крстаречки ракети од севернокорејската провинција Хамгјонг било откриено околу 10:15 часот по локално време, пренесува „Кјодо“.

Северна Кореја ги засили воените тестови во последниве недели, истрелувајќи интерконтинентална балистичка ракета во четвртокот и изврши симулиран нуклеарен контранапад против САД и Јужна Кореја во текот на викендот.

Слични содржини