Северна Кореја потврди дека лансирала нова ракета, свикана седница на Советот за безбедност на ОН

од Milan1

Откако Северна Кореја потврди дека лансирала нова пробна балистичка ракета од подморница, за денес е свикана вонредна седница на Советот за безбедност на ОН на барање на Велика Британија и САД, пренесува „Хина“.

Јужнокорејската војска соопшти дека забележала истрелување на пробна ракета од севернокорејска подморница на нејзиниот источен брег.

Како што објави севернокорејската државна новинска агенција „КЦНА“, станува збор за „нов тип“ на балистичка ракета што може да се испука од подморница.

– Новиот тип проектил има напредна контрола на спроводливоста која вклучува странична мобилност, како и способност да се заобиколат пречките, а тоа во голема мера ќе помогне да се подигне одбранбената технологија на нашата земја на повисоко ниво и да се зајакне подводната оперативна способност на нашата морнарица, објави „КЦНА“.

Овие проектили имаат пократок дострел од претходната верзија, но се потенки што значи дека можат да се складираат повеќе на секоја подморница.

Слични содржини