Шахпаска: Со првиот Младински ресурсен центар во Гостивар се активираат младите на пазарот на трудот

од Nikola Popovski

„Отворањето на Младинскиот ресурсен центар „I can“ во Гостивар, прв од ваков тип во државата, а наменет за младите од Полошкиот регион, значи активирање на младите на пазарот на трудот и поттикнување на претприемачкиот дух“, објави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на отворањето на младинскиот ресурсен центар во Гостивар.

Според неа, овој центар ќе им даде шанса на иновативните бизнис решенија, ќе пружи поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, и ќе воспостави поблиска соработка на младите со приватниот сектор од регионот.

„Младинскиот ресурсен центар претставува модел на инклузивен, дигитален, иновативен и неформален центар за обуки, кој целосно ќе одговори на потребите на младите и нивно побрзо и поефикасно вработување, но и можност младите да бидат дел од претприемачката сфера“, стои во објавеното.

Слични содржини