Шахпаска: Целта на Законот за родова еднаквост е создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе

од Nikola Popovski

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешниот онлајн состанок со претставниците на Венецијанската комисија изјавила дека предлог-законот за родова еднаквост предвидува три нови механизми- Секретаријат за родова еднаквост како највисоко тело кое ќе ја координира работата на институциите, Ресурсен центар како тренинг центар за обуки на државните службеници и Национално координативно тело.

Според неа, целта на законот, е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет.

На состанокот, како што соопшти ресорното Министерство, се дискутирало и за повеќе прашања во однос на правилниците, кои, како што се посочува, ќе бидат подготвени откако законското решение ќе биде изгласано во Собранието, а станало збор и за улогата и организациската структура на Секретаријатот за родова еднаквост, инспекцискиот надзор и други прашања.

Слични содржини