Шахпаска: Законот за родова еднаквост и за мобинг ги адресираат прашањата од сферата на родовата еднаквост

од Vladimir Zorba

Целта на Законот за родова еднаквост е унапредување на родовата еднаквост, преку воспоставување на видливост, зајакнување на улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење, како во јавниот, политичкиот и приватниот живот, рамноправен пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење, нешто што во досегашната пракса не е целосно воспоставено, истакна членката на Комисијата за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната онлајн трибина “На чекор до нов Закон и нови механизми за родова еднаквост” , по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во организација на Форум на жени на СДСМ.

Таа потенцираше дека новиот предлог Закон за родова еднаквост и Законот за мобинг, се две сериозни законски решенија кои ги адресираат прашањата од сферата на родовата еднаквост.

Шахпаска истакна дека Законот за родова еднаквост ги дефинира субјектите кои треба да ја вршат неговата имлементација, пред се органите на државна управа, единиците на локалната самоуправа, правните субјекти, како и дека тој треба да биде имплементиран во сферата на работните односи, пазарот на труд, образованието, науката и спортот, правосудството, социјалната сигурност, здравствената заштита, јавно информирање и медиумите, заштита на животната средина, климатските промени.

„Новина во Предлог законот за родова еднаквост е дека се предвидува формирање на Секретаријат за родова еднаквост како највисоко тело кој ќе има овластување да врши координација и да ја следи работата на институциите и единиците на локалната самоуправа при имплементацијата на законот, “посочи Шахпаска.

Слични содржини