Шаленберг: Имаме најголема одговорност за Западен Балкан

од Nikola Popovski

Западен Балкан е геополитичкиот регион за кој имаме најголема одговорност, бидејќи е опкружен со земји од ЕУ, истакна денеска во Љубљана австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

По средбата со словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, Шаленберг предупреди дека ЕУ го губи тлото во Западен Балкан.

„Ако зборуваме за Украина на Самитот на ЕУ, тогаш мора да зборуваме и за Западен Балкан“, рече тој, но исто така истакна дека е јасно дека во ЕУ нема лента за претекнување.

Фајон го поддржа предлогот на Австрија за постепена интеграција на идните кандидати за ЕУ.

Слични содржини