Шарлиз Терон е фантастична атомска русокоса

од Vladimir Zorba

Харизматичната Шарлиз Терон влегува во акциона улога во најновата лента “атомска русокоса” .

Предизвикувачки е начинот на кој таа е воведена во филмот, имено – излегува од када полна со мраз, а секунди потоа се исправа пред огледалото и камерата го покажува голото нејзино тело. И оттаму започнува акција, борба, брзина, остар ум и сцени, заситени со многу еротика.

The Coldest City

Историјата нè враќа кон ноември 1989 година.
Комунизмот се руши, наскоро ќе падне и Берлинскиот ѕид. Пред да се случи ова, сепак треба да биде решена уште една мистерија – таен агент од МИ6 е убиен во Берлин. Тој пренесувал  информации обезбедени во Источниот блок – листа на сите агенти и шпиони кои работат во
Берлин, независно од тоа која страна ги врбуваат.

Слична листа сепак не е откриена кај него по неговата смрт.

The Coldest City

 

Време е за Лорен Броутон ( Шарлиз Терон ), искусен шпион, да се зафати со оваа “темпирана бомба”, а во приказната не недостигаат акценти на јавните нереди, шпионажата и тајни атентати – и сето тоа се случува за да биде откриена предметната ценета листа и да бидат спасени британските агенти, вклучени во неа.

Слични содржини