Шефицата на шведската дипломатија: Шведска и Финска ќе придонесат за зајакнување на безбедноста на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска како идна членка на НАТО ќе придонесе за безбедноста на сите сојузници и убедени сме дека нашето членство ќе ја зајакне Алијансата, изјави министерката за надворешни работи на Шведска Ен Линде во седиштето на НАТО по церемонијата на потпишување на протокол за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата, со што започнува формалниот процес на ратификација.

„Ќе направиме се што е во наша моќ да придонесеме за колективната одбрана на НАТО, рамо до рамо со другите сојузници. Одлуката на шведската влада има голема политичка и јавна поддршка во Шведска и веруваме дека пристапот во НАТО е најдобриот начин Шведска да обезбеди национална безбедност“, рече таа.

„Ќе направиме се што е во наша моќ да придонесеме за колективната одбрана на НАТО, рамо до рамо со другите сојузници“, наведе Ен Линде.

Слични содржини