Планирани се терористички напади во Белорусија, а потенцијални цели биле државните институции и одредени државни службеници, тврди шефот на белоруската разузнавачка служба (КГБ), Иван Тертел.

Тој за ТВ-каналот Белорусија 1 изјави дека планираните терористички напади се заканувале да предизвикаат смрт на голем број луѓе.

Како што објави ТАСС, Тертел ветил дека агенциите за безбедност ќе ги преземат сите неопходни чекори за да спречи евентуален негативен развој на ситуацијата, без да открие детали за тоа од кога и од каде доаѓале заканите.

Пронајдени се и голема количина експлозив, оружје и далечински детонатори, навел Тертел.

Слични содржини