Шекеринска: Посетата на Фон дер Лајен е во вистинско време, ЕУ мора да честита за постигнатиот напредок

од Nikola Popovski

Посетата на Фон дер Лајен е во вистинско време и носи порака за нас, иако делумна, но повеќе значи порака за земјите-членки на ЕУ, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во Дневникот на ТВ Сител.

Според неа, ЕУ мора да честита за постигнатиот напредок, но тука нема да биде завршена работата.

-Некои политички структури е прилично скептични во однос на проширувањето. Сите би сакале да имавме полесен пат и да не го испуштевме чекорот со Хрватска. Сепак, напорите ги правиме повеќе за своите граѓани, а помалку за ЕУ. Најлесно е да кажете дека сме песимисти и дека сме уморни. Дојдовме и до НАТО, затоа што и во моментите на откажување, не се откажавме. Ние се трудевме до крај и останавме. Жалите за сите пропуштени шанси, но сега е ред на ЕУ да испорача, рече Шекеринска.

Слични содржини