Шешељ ја предаде кандидатурата за претседател на Србија

од desk2

Еден од функционерите на Српската радикална странка (СРС), денеска ги предаде потписите за поддршка на претседателската кандидатура на лидерот на СРС, Војислав Шешељ, на Републичката изборна комисија (РИК), јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Кутијата со 14.000 потписи била излепена со плакати со ликот на Шешељ и со натпис „Најдобриот за претседател“.

Шешељ е трет кандидат што ги предаде потписите, а пред него тоа го направија и актуелниот премиер, Александар Вучиќ, и народниот правобранител, Саша Јанковиќ.

Претседателските избори се распишани за 2 април, а ако во првиот круг никој не го освои мнозинството, вториот круг ќе биде одржан на 16 април.

Слични содржини