Шест часа траат преговорите меѓу Москва и Киев за снабдување со гас

од Aleksandar Petrovski

Преговорите меѓу Москва и Киев за испорака на гас се во тек и траат веќе шест часа.

– Преговорите продолжуваат, изјави портпарол на руската енергетска компанија „Газпром“, кој не потврди кога може да се очекува конечно потпишување договор.

Во меѓувреме, украинската Влада одобри потпишување на договорот со Москва.

Главните параметри на транзитниот договор беа договорени уште на 20 декември за време на разговорите во Берлин и Минск. Рокот за нов договор е пет години. Следната година Русија треда да достави на европскиот пазар преку Украина 65 милијарди кубни метри гас и по 40 милијарди годишно од 2021 до 2024 година.

Протоколот вклучува и правни спогодби за решавање спорови.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак вчера истакна дека на украинската страна и биле исплатени 2,9 милијарди долари, кои се наложени од меѓународната арбитража во Стокхолм. Тоа беше условот двете страни да се откажат од сите останати меѓусебни судски побарувања, за кои нема правосилна пресуда, како и да се потпише договор со украинската Влада за повлекување на антимонополските побарувања во висина од 7,4 милијарди американски долари.

Слични содржини