Шест илјади американски војници пристигнаа во Албанија

од Vladimir Zorba

Голем број контејнери и големи камиони пристигнаа во главното албанско пристаниште Драч оваа недела, пред вежбите на НАТО.

Американски официјални лица велат дека таква концентрација на воени возила во Албанија не е видена уште од Втората светска војна, објави АП.

Приближно 700 парчиња опрема од борбениот тим на 53-тата пешадиска бригада на Националната гарда на Флорида беа пренесени од американскиот товарен брод Боб Хоуп во Драч, 33 километри западно од главниот град Тирана.

Тие ќе бидат искористени за двонеделна обука на која до шест илјади американски војници ќе учествуваат во шест албански воени бази.

Тоа е дел од мултинационалната воена вежба предводена од американската армија „Дефендер-Европа 21“, чија цел е спречување на агресијата и градење оперативна подготвеност со НАТО и поголем број сојузници и партнери.

Тие ќе траат од 17 мај до 2 јуни, пренесе „АП“.

Во следните неколку дена ќе пристигне и британскиот воен брод.

Оваа година, „Дефендер-Европа“ вклучува околу 28.000 американски, сојузнички и партнерски сили од 27 земји за спроведување на истовремени операции во повеќе од 30 области за обука во повеќе од 10 земји, од Балтикот и Африка до Црното Море и Балканот.

Слични содржини