Шест лица загинаа, а 42 се повредени во судир на автобус и камион во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку шест лица загинаа, а 42 се повредени денеска при судир на автобус и камион во југозападна Турција, јави агенцијата Анадолија.

Несреќата се случила рано изутрината во округот Денизли. Возачот на камионот натоварен со песок изгубил контрола, влегол на спротивната коловозна лента и се судрил со автобусот, кој при ударот се превртел.

Пет лица од превртениот автобус загинале на самото место, а едно лице починало во болница. Двајцата возачи и 40 повредени патници се пренесени во околните здравствени установи.

Автобусот превезувал патници кои оделе на свадба од Измир.

Слични содржини