Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Сибир (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку шест лица загинаа денеска, а седум се повредени во хеликоптерска несреќа во Сибир, соопштија руските служби за итни случаи.

Во селото Тјунгур, во Република Алтај, леталото се урнало и се запалило, соопшти локалниот огранок на министерството за вонредни ситуации на Телеграм.

Според првите информации во хеликоптерот имало 13 лица.

Несреќата се случила кога хеликоптерот Ми-8 налетал на далновод.

Слични содржини