Шест начини на кои омилениот сендвич се обидува да ве убие

од Vladimir Zorba

МОЖЕБИ да изгледа невино на чинија, но вашиот сендвич веројатно е како темпирана бомба, тврдат експертите за исхрана.

Повеќето сендвичи содржат нездрави масти, сол, шеќер и јаглехидрати. Но, нема потреба да ги исфрлате сендвичите од вашата исхрана, тврди д-р. Лиза Јанг, професор по исхрана.

„Не мора да го жртвувате сендвичот, но обидете се да го замените преработеното месо или пилешкото на скара или додадете малку хумус или авокадо“, изјави таа за „The Post“.

Еве и шест начини како сендвичот се обидува да ве убие:

Леб

Лебот е она што го прави сендвичот сендвич. Но, не е секој леб здрав. Белиот леб е извор на калории од јаглени хидрати, кои предизвикуваат зголемување на нивото на шеќер во крвта, а потоа опаѓање. Далеку е поздраво да се јаде леб од цели зрна бидејќи содржи растителни влакна кои помагаат да бидете сити и обезбедуваат други здравствени придобивки како што е одржување на стабилен шеќер во крвта.

Сол

Солта е главната причина за висок крвен притисок, како и за инфаркт и мозочен удар, а ја има во многу сендвичи. Големи количини на натриум се наоѓаат во преработеното месо како што се шунка, салама и сланина и може да се прикрадат во вашиот сендвич во форма на сосови, зачини, намази, леб и кашкавал. Обидете се да изберете свежи пилешки или мисиркини гради за да го намалите внесот на натриум.

Заситени масти

Заситените масти се наоѓаат во кашкавалот и месото, кои се главните компоненти на повеќето сендвичи. Всушност, 79 отсто од сендвичите содржат месо, живина или риба како основно полнење, според National Library of Medicine..

Со замена на кашкавалот со домати, зелена салата, кисели краставички и други додатоци и избирање на немасно свежо наместо преработено месо, можете значително да ја намалите количината на заситени масти во вашиот сендвич.

Шеќер

Шеќер тешко дека ќе додадете во вашиот сендвич, но мора да знаете дека го има во многу адитиви кои ги додаваме, на пример во кечапот, а е и една од состојките за подготовка на леб. Можете да го замените кечапот со сенф, но сенфот е богат со натриум, затоа наместо лажица користете лажичка.

Нитрати

Нитратите и нитритите се додаваат во месните производи за време на процесот на сушење на месото. Но, во нашите црева, тие „може да создадат канцерогени хемикалии кои можат да придонесат за ризик од рак“, рече Јанг.

Покрај тоа, „преработеното месо содржи премногу натриум и конзерванси“, додаде таа, советувајќи ги потрошувачите да ги избегнуваат секогаш кога е можно.

Големина на порција

Големината на порциите е постојан проблем во западната исхрана, а сендвичите не се исклучок. Просечниот сендвич од мисирка пред 20 години содржел околу 320 калории, според Националниот институт за срце, бели дробови и крв. Денешниот просечен сендвич од мисирка може да достигне неверојатни 820 калории.

„Кога луѓето ме прашуваат каков сендвич не дебелее, мојот одговор е половина сендвич“, се пошегува Јанг.

Слични содржини