Шестмина скопјани, кои го прекршиле полицискиот час ќе треба да платат по 2000 евра

од Nikola Popovski

ОЈО поднесе предлози за казни против шестмина скопјани кои во периодот од 11 до 18 март на различни локации во градот биле затекнати дека го прекршуваат полицискиот час.

Со своите постапки тие сотриле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите се движеле, без да поседуваат дозвола за тоа, во периодот меѓу 22 и 5 часот, кога на сила бил важечки полициски час како мерка за сузбивање на коронавирусот.

Јавните обвинители му предложиле на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна од по 2.000 евра во денарска противвредност (100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба е 20 евра).​​

Слични содржини