Петре Шилегов, пратеник на СДСМ и претседател на анкетната комсија за прислушуваните разговори, утрово на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ даде предлог, граѓаните на секоја банкнота од 100 денари да напишат „Збогум Никола“ и да ја пуштат во промет.

denari

„Еве ми текна: На секоја банкнота од 100 денари што ќе ви дојде кај вас, напишете #ЗбогумНикола и пуштете ја во промет. Нека боде очи“, пишува на профилот на Шилегов.

Во коментарите на неговиот статус веќе се појавија банкноти на кои со печат е испишано „Збогум Никола“.

Денеска истекува крајниот рок Зврлевски да ги достави бараните податоци од Јанева

META

Слични содржини