Шилегов: Расчистивме со тревата, одиме на новиот мост во нашиот град (ФОТО)

од Берта Китинска

Во тек е изградбта на капиталниот проект за поврзувањето на Аеродром со Ќерамидница со изградбата на булеварот АСНОМ и изградбата на мост на реката Вардар. Со реализација на овој проект ќе се добие брзо, безбедно и модерно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар и Гази Баба.

-Бидејќи расчистивме со тревата , одиме на новиот мост во нашиот град.Мост на Вардар. 2-ра фаза на бул. АСНОМ. Од Аеродром кон Ќерамидница.Скопје, една поинаква приказна …, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Новиот булевар ќе биде осветлен со енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување, а ќе бидат поставени и нови сливници, кои ќе бидат поврзани со постојната атмосферска канализација.

Бидејќи расчистивме со тревата 😉, одиме на новиот мост во нашиот град.Мост на Вардар. 2-ра фаза на бул. АСНОМ. Од…

Публикувахте от Петре Шилегов в Четвъртък, 14 май 2020 г.

 

Слични содржини