Шкријељ: Прво прочитајте, па гласајте за заклучоците и македонскиот јазик во ЕУ

од Nikola Popovski

Во изминатиот период од 11 години додека владееше ВМРО-ДПМНЕ не реши ниедно важно прашања, нѐ испокаравте со сите соседи, внатре нѐ поделивте по сите можни основи, порача пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ на денешната собраниска седница.

„Седнете и добро прочитајте и ако и мислите добро на оваа држава, гласајте за овие заклучоци што значат гаранција за македонскиот јазик и идентитет и јазик. Во спротивно покажувате дека не ви е гајле ни за јазик, ни за идентитет, ни за историја“, заклучи пратеничката Шкријељ.

Слични содржини