Шо: Не играме како тим

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед не играат тимски, изјави дефанзивецот Лук Шо по поразот од Вулверхемптон со 0:1 во натпревар од англискиот фудбалски шампионат. Со овој пораз „црвените ѓаволи“ паднаа на седмото место во поредокот и сега се на четири бода од топ 4.

„Треба да го подобриме интензитетот на нашата игра и да бидеме поенергични. Оваа група играчи е долго време заедно, но понекогаш не играме тимски. Имаме многу квалитет индивидуално, но понекогаш и тој квалитет сам не е доволно. Едноставно не одигравме добро против Волвс. Не ја држевме топката и не бевме доволно агресивни кога ја губевме. Не вршевме никаков притисок врз нашите противници. Мора да беше лесно за нив. Разочарани сме затоа што едноставно не видовме како можеме да изградиме гол-шанса. Затоа реков дека треба да играме со повеќе енергија и да дадеме 100 проценти. Се друго е недоволно и разочарувачки за тим како Манчестер Јунајтед“, изјави Шо.

„Црвените ѓаволи“ имаат една недела да ја вратат формата, бидејќи на 10 јануари играат со Астон Вила за ФА Купот. Шо се надева дека обуката на Ралф Рангник во базата Карингтон ќе помогне.

„Сега имаме малку време да се фокусираме на следниот противник. Пред нас е долга недела на тренинг теренот и можеби инструкциите на менаџерот ќе ни помогнат“, додаде тој.

Слични содржини