Шолц и лидерите на балтичките земји согласни околу зголемување на трупите на НАТО во регионот

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц и лидерите на балтичките земји се согласни дека безбедноста на овој регион мора да се зајакне со зголемување на бројот на војници и додавање на воздушна и поморска одбрана, изјави денеска литванскиот претседател Гитанас Наузеда.

„Се согласивме дека треба да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети во балтичките земји, со зголемување на бројот на распоредени војници, со додавање на воздушна и поморска одбрана“, изјави Наузеда за новинарите по средбата со германскиот канцелар во главниот град на Литванија.

„Подготвени сме да го зајакнеме нашиот ангажман и да го развиеме кон силна борбена бригада“, рече германската канцеларка.

Слични содржини