Шолц: Турбината за Северен тек 1 може да се врати во Русија во секое време

од Vladimir Zorba

Германскиот канцелар, Олаф Шолц ја обвини Русија за доцнењето со враќањето на турбината за гасоводот Северен тек 1. Таа може да се врати во секое време, рече Шолц за време на посетата на складиштето на „Сименс енерџи“ во Милхајм на реката Рур, каде што турбината се наоѓа од средината на јули, откако беше вратена од Канада каде што беше сервисирана.

Некој само треба да каже: „Ја сакам – и таа ќе биде таму многу брзо“, рече Шолц и нагласи: „Ништо не стои на патот за понатамошен транспорт.“ Единственото нешто што недостасува се информациите од Русија, од „Газпром“: „Јасно е и едноставно: турбината е тука и подготвена за испорака“.

Тој го обвини сопственикот на турбината, рускиот енергетски гигант „Газпром“, велејќи дека не може да разбере кои се техничките причини за намалувањето на испораките на гас преку Северен тек 1. „Тоа е исто така дел од вистината“, посочи Шолц. .

Долго време Русија испорачува значително помалку гас преку Северен тек 1 отколку што дозволува капацитетот на гасоводот. Како причина се наведува немањето турбина. Компанијата „Сименс енерџи“ и германската влада, сепак, тврдат дека турбината може да биде испорачана во Русија во секое време.

„Газпром“, чија подружница „Северен Тек АД“ е сопственик на турбината, како причина за доцнењето го наведува недостатокот на одредени документи.

Слични содржини