Шон Пен за Метју Пери: „Не бев изненаден кога дознав дека починал“

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Шон Пен за првпат проговори за смртта на неговиот познат колега Метју Пери, кој почина на 28 октомври во својот дом во Лос Анџелес.

„Каков талентиран човек. Не можам да тврдам дека добро го познавав, но многу ми се допаѓаше“, изјави Шон Пен во емисијата Piers Morgan Uncensored, потсетувајќи се на нивната последна средба:

 

„Неодамна го видов, двајцата чекавме лет од аеродромот во Лос Анџелес, му дадов комплименти за тоа што го знам за неговата книга. Не ја прочитав книгата, видов неколку негови интервјуа, тој зборуваше за неа, се соочил со тоа, беше многу интелигентен и храбар за тоа и великодушно го сподели своето искуство со луѓето за да им помогне“.

Синот на Шон Пен имал проблеми со зависноста и поради тоа приказната на Метју Пери му била многу блиска.

Актерот рече дека не бил навистина изненаден кога ја слушнал веста за смртта на Пери.

„Тоа е трагично, не можам да кажам дека бев многу изненаден. Не знам што вели судскиот извештај и сè останато, но знам дека тој им нанесе многу штета на своите органи во текот на годините“, истакнал Шон Пен.

Да потсетиме, Шон Пен се појави во ситкомот „Пријатели“ во 2001 година, во две епизоди.

Слични содржини