Шпанецот кој испраќаше писма-бомби обвинет за терористички акт

од Stefanija Kuzmanovska

Шпански судија обвини 74-годишен маж дека испратил неколку писма-бомби насочени кон владата, дипломатските објекти и институциите на министерството за одбрана кон крајот на 2022 година и го обвини за терористички акт.

Помпео Гонзалес Паскал беше уапсен во јануари откако наводно испратил пакет-бомби до премиерот Педро Санчез, министерката за одбрана Маргарита Роблес, амбасадите на Украина и САД во Мадрид, воздухопловна база и производител на оружје во периодот од 24 ноември до 2 декември минатата година, потсетува „Ројтерс“.

Повеќето од бомбите беа деактивирани, иако еден службеник на украинската амбасада беше полесно повреден кога бомбата експлодираше.

Судијата изјави дека Гонзалес се товари за тероризам, иако нема докази дека припаѓал на некоја група или дека бил сојузник со некого, туку дека самиот чин е терористички.

Слични содржини