Шпанија: Педро Санчез доби мандат од кралот за формирање влада

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанскиот крал Фелипе Шести му даде мандат на вршителот на должноста премиер Педро Санчез да формира нова влада, откако неговиот ривал Алберто Нунес Феихо не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот.

Социјалистите на Санчез освоија помалку гласови од конзервативците на Феихo на парламентарните избори на 23 јули, но Санчез тврди дека може да собере доволно гласови во парламентот за својата кандидатура, пренесува „Ројтерс“.

За да биде формирана нова влада, Санчез ќе треба да постигне договор со претставниците на каталонските сепаратистички партии.

Слични содржини