Шпанска фудбалерка: Марадона е силувач, педофил и насилник (видео)

од Nikola Popovski

Пола Дапена, фудбалерка од Шпанија, не сакала да му оддаде почит на покојниот Диего Марадона.

Една минута молк за најдобриот фудбалер на сите времиња се случи во пресрет на натпреварот помеѓу екипите Виајахес и Депортиво. Сите актери на теренот застанаа мирно, освен Пола која седна и го сврте грбот.

„Пред неколку дена, кога беше Ден за остранување на родовото насилство, такви гестови не беа направени. Ако жртвите не добија минута молчење, тогаш нема да го сторам тоа за насилникот“, изјавила Пола, по што продолжила:

„Нема да стојам мирно на силувачот, педофилот и насилникот, но ќе седнам и ќе го свртам грбот. За да може некој да се смета за одличен играч, тој мора пред сè да биде маж и да има доблести поважни од вештините со топката, за кои се знае дека беа спектакуларни кај Марадона“, изјавила Дапена.

Слични содржини