Шпанците на нозе поради убиство на млад хомосексуалец

од Stefanija Kuzmanovska

Демонстрантите повторно излегоа на улиците во неколку шпански градови да бараат правда за убиството на младиот хомосексуалец, кој беше претепан до смрт минатиот викенд.

Група луѓе се собраа на централниот плоштад во Мадрид со плакати, а активистите извикуваа пароли и вееја знамиња во боја на виножито по улиците на Алмерија на југ и Коронија на северозапад, каде што се случи злосторството.

Слични демонстрации беа одржани за време на викендот во Барселона, Севилја и други градови.

Самуел Луис, 24-годишен Бразилец, болничар, беше пронајден претепан, без свест во раните утрински часови на 3 јули во близина на ноќен клуб во Коронија. Спасувачките екипи не биле во можност да го реанимираат.

Објавата за неговата смрт веднаш предизвика демонстрации и политички реакции низ цела Шпанија.

Неговите пријатели рекоа дека тој бил нападнат од хомофоби, кои додека го тепале, викале дека е „педер“.

Полицијата уапси шест лица, вклучувајќи и два малолетника, но засега не кажува дека станува збор за хомофобично злосторство, наведувајќи дека ги разгледува сите претпоставки.

Слични содржини