Штетата од земјотресите во Турција изнесува 37 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Вкупните трошоци поради штетите од земјотресите годинава ќе изнесува еден трилион турски лири (37 милијарди долари), изјави турскиот потпретседателот Џевдет Јилмаз.

Тој истакна дека трошоците поврзани со земјотресите од буџетот на централната Влада ќе бидат околу 762 милијарди лири. Покрај тоа, ќе има и други трошоци, како што се средства наменети за локалното население, за властите, за Агенцијата за вработување и Агенцијата за социјално осигурување.

„Земјотресите во февруари директно погодија 11 провинции и повеќе од 14 милиони луѓе. Ова беше катастрофа без преседан што резултираше со трошоци кои се преголеми дури и за повеќето развиени земји. Владата не само што гради нови домови, туку и инвестира во инфраструктура во провинции погодени од земјотресот“, наведе Јилмаз.

Двата земјотреса од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари погодија 11 провинции во јужна Турција, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе. Земјотресите предизвикаа голема материјална штета, а погодени беа и десетици илјади бизниси.

Слични содржини