„Што значи независен кандидат, поддржан од „Левица“? Перо Камиказа има одговор…

од Vladimir Zorba

Кандидатот за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, Петар Георгиевски – Камиказа во емисијата „Стадион“ на радио Канал77 изјави дека ќе се кандидира како „самостоен кандидат, но поддржан од Левица“.

– Имавме две анкети во последиот период и никако не стигавме до потребните гласови со сам јас кандидиран. Во тој случај Левица дојде како логично и единствено решение. Нашите односи во моментов ги градиме се многу пријателски и се надевам дека тоа ќе биде вин вин ситуација за време на изборите. Тие се во драматичен пораст, јас имам луѓе во Скопје кои никогаш не изглегле на гласање, но овој пат ќе излезат за да конечно дојде човек кој си го сака градот, а не да живее и да печали од градот, изјави Камиказа.

Слични содржини