(видео) Шумер ја вжештува американската реторика и го длабочи јазот кон Израел

Реакциите на Вашингтон во четвртокот варираа од изненадување до жестоко негодување. Слична беше ситуацијата и во Израел. Белата куќа, свесна за тоа што следува, остана без коментар, пишува „Хил“.

од Бети Божиноска

Најважниот еврејски демократ во Конгресот и лидер на сенатското мнозинство, Чак Шумер, кој е докажан поддржувач на Израел, жестоко и директно го нападна вчера од сенатската говорница израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, барајќи нови избори и ново лидерство во Израел во екот на неговата сурова војна со Хамас, пренесува „Хил“.

„Премиерот Нетанјаху залута од патот дозволувајќи неговиот политички опстанок да има предност пред интересите на Израел“, рече Шумер, тврдејќи дека конзервативниот премиер моментално е во коалиција со „екстремно десничарските екстремисти“ како министрите Смотрич и Бен Гвир доселениците на Западниот Брег, и дека е „премногу подготвен да ги толерира цивилните жртви во Газа, кои ја туркаат поддршката за Израел во светот на историски најниски нивоа“.

За него, тоа го прави Нетанјаху е една од четирите големи пречки за постигнување трајно решение за мир на Блискиот Исток.

Според Шумер „единствен пат за здрав и транспарентен процес на одлучување за иднината“ се ови избори во Израел, каде што многумина „ја загубија довербата во визијата и насоката на нивната влада“.

„Израел не може да преживее ако остане изолиран. Коалицијата на Нетанјаху веќе не одговара на потребите на Израел по 7 октомври. Светот оттогаш радикално се промени,“ предупреди тој.

Реагирајќи на повиците на Шумер за ново раководство во Израел,  десничарската партија на Нетанјаху, Ликуд, возврати нагласувајќи дека „Израел е демократија, а не банана република“.

„Спротивно на изјавата на Шумер, израелската јавност поддржува целосна победа над Хамас, отфрла какви било меѓународни диктати за формирање палестинска терористичка држава и се противи на враќањето на Палестинската самоуправа во Појасот Газа. Од сенаторот Шумер се очекува да ја почитува избраната влада на Израел и да не ја поткопува, особено во време на војна,“, се вели во соопштението од Ликуд.

Израелскиот министер од воениот кабинетм Бени Ганц, го опиша Шумер како пријател на Израел кој направил грешка кога повикал избори.

И американските сојузници на Нетанјаху ги отфрлија критиките на Шумер. Амбасадорот на Израел во САД, Мајкл Херцог, во пост на „Х“ ги нарече забелешките на Шумер политички некорисни и „контрапродуктивни“.

Реакциите на Вашингтон во четвртокот варираа од изненадување до жестоко негодување. Слична беше ситуацијата и во Израел. Белата куќа, свесна за тоа што следува, остана без коментар, пишува „Хил“.

Несогласувањата ги покажуваат зголемени тензии меѓу американската влада и Израел, бидејќи многу демократи стануваат сè полути поради хуманитарната криза предизвикана од израелската офанзива во Газа.

Слични содржини