Шумски пожари беснеат на Медитеранот пропратени со екстремно високи температури

од Stefanija Kuzmanovska

Ширум Медитеранот, пожарникарите се борат да ги локализираат пожарите, а Франција евакуираше повеќе од 16.000 луѓе загрозени во југозападниот дел на земјата, додека пожарот се шири и во Шпанија, Хрватска и Грција.

Властите во француската префектура Жиронд, популарен туристички регион, исто така го евакуираа персоналот од камповите, откако претходно беа напуштени од туристите, јавува Би-Би-Си.

Во јужна Шпанија, повеќе од 3.200 луѓе ги напуштија своите домови за да избегаат од пожарот во ридовите Мијас, недалеку од Малага, популарна туристичка област, а некои се вратија подоцна.

Слични содржини