Шутаров: Касата на град Скопје има пари, долгот не изнесува 160 милиони евра

од Nikola Popovski

Одговорност за енергетската и топлинската криза не може да се бара ниту кај градот Скопје, ниту кај Владата. Ова е глобален феномен, но не се согласувам дека нема пари во градската каса за топлинската енергија за сите граѓани на Скопје, вели советникот во Советот на град Скопје, Гордан Шутаров во емисијата „Клик плус“.

Според него, Владата помогна во однос на кризата.

-ЕСМ ги презеде БЕГ и Топлификација и овозможи топлинска енергија, а Арсовска можеше за евтини пари да направи евтин пи-ар. Крајно несериозно е однесувањето кон граѓаните од страна на градот и да се бега од помагање во ваква ситуација, рече Шутаров, додавајќи дека долгот во градот не изнесува 160 милиони евра, како што тврдат советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје, туку дека долгот е 58 милиони евра.

„Веднаш да ви кажам тоа се 30 милиони евра договорени обврски, наследени од претходната власт“, појасни советникот.

Слични содржини