„Шверцери“ со националистички провокации, го прогласија Скопје за „срцето на Албанија“

од Nikola Popovski

Навивачката група на тимот Шкупи, „Шверцери“ на вчерашниот фудбалски дерби натпревар против Вардар истакнаа провокативни пароли со националистичка и екстремистичка содржина. Порачаа дека ќе го исполнат аманетот, „Скопје да биде срцето на Албанија“.

„Аманетите ни се оставени, аманетот ќе го чуваме, срцето на Албанија, Скопје градот на историјата“, стои на паролата.

Била испратена и поддршка до убијците на членот на „Комити“ Никола Саздовски – Саздо, што претставува уште еден голем скандал.

Шкупи го доби натпреварот со 2-0. Навивачката група „Комити“ не доби дозвола да присуствува на натпреварот кој беше прогласен за високоризичен.

Слични содржини