Си Џинпинг ги повика официјалните лица на Ксинџијанг да ја поттикнат асимилацијата на муслиманите

од Vladimir Zorba

За време на неговата денешна посета на Ксинџијанг, кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика властите на тој автономен регион да продолжат да ја поттикнуваат асимилацијата на муслиманите и да ги ограничат нелегалните верски активности.

„Секогаш треба да и даваме најголем приоритет на социјалната стабилност“, рече Си на состанокот со претставници на локалната власт во главниот град Урумчи.

Кинескиот претседател ја истакна важноста од одржување на редот и мирот во Ксинџијанг и обезбедување долгорочна стабилност, објави Блумберг.

Слични содржини