Сијарто: Никогаш не сме биле поблиску до светска војна

од Vladimir Zorba

Членките на НАТО испраќаат оружје во Киев, но Алијансата мора да избегне конфронтација со Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

По говорот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, унгарскиот функционер рече дека „не би било претерување да се каже дека никогаш не сме биле поблиску до нова светска војна отколку што сме сега“, го цитираше министерот „РИА Новости“.

Тој нагласи дека е многу важно испраќањето оружје во Украина, што веќе го прават огромното мнозинство членки на НАТО, да не оди на ниво на Алијансата.

„Главната работа на која треба да инсистираме е НАТО да не биде страна во конфликтот, да не испраќа оружје и да прави се за да спречи директна конфронтација меѓу Алијансата и Русија. Гледаме дека поединечно членките на НАТО веќе отидоа предалеку во овој поглед и од нивните говори се гледа дека тие не сакаат да ја променат таа политика“, изјави Сијарто на новинарите по првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Слични содржини