Сијарто: Западен Балкан што поскоро во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто ја посети Босна и Херцеговина, каде што рече дека неговата влада сака да го поттикне процесот на побрза интеграција на Западен Балкан во Европската унија бидејќи на Унијата ѝ е потребна „новата енергија“ која може да ја донесе регионот.

„Во интерес и на Европската унија и на Западен Балкан е да се забрза процесот на интегрирање на регионот во Унијата“, рече шефот на унгарската дипломатија и се заложи претставниците на ЕУ „со почит“ да разговараат со политичарите од Западен Балкан, пренесува „Хина“.

Тој додаде дека е неопходно ЕУ да ги почитува ставовите на балканските политичари и власти во нивните земји, како и резултатите од изборите кои се одржуваат таму.

Сијарто вели дека ЕУ „не треба да ги уценува“ земјите од Западен Балкан, па Будимпешта, како што најави, ќе продолжи да се спротивставува на воведување санкции против кој било политичар од Балканот или негирање финансиска поддршка од Унијата.

Се очекува унгарскиот министер за надворешни работи попладне во Сараево да оствари средби со претставници на Босна и Херцеговина.

Слични содржини