Силен удар за Милан – се повредија Мората и Лофтус-Чик

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Тимот на Милан нема да може да користи двајца свои напаѓачи до крајот на календарската година, објави клубот, цитиран од весникот „Газета дело спорт“. Станува збор за шпанскиот интернационалец Алваро Мората и Англичанецот Рубен Лофтус-Чик. Двајцата беа заменети во второто полувреме од натпреварот со Црвена Звезда (2:1) во Лигата на шампионите, а утрово беа на лекарски прегледи.

Европскиот шампион Мората има „истегнување во пределот на адукторот“, објавија „росонерите“. Во случајот со Британецот се работи за „повреда на феморалниот бицепс на десната нога“.

Тоа значи дека Мората ќе биде надвор од терените најмалку две недели, а Лофтус-Чик ќе пропушти уште многу додека се опоравува.

Во таборот на Милан веќе се повредени Алесандро Флоренци, Исмаел Бенасер, Ноа Окафор и Кристијан Пулишиќ.

Слични содржини