Силен земјотрес ја погоди Индонезија

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди индонезиската провинција Северна Суматра.

Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри, на 267 километри јужно од градот Сиболга во Северна Суматра.

Во земјотресот со јачина од 5,3 степени нема човечки жртви или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала се случи на 21 ноември, 18 километри југозападно од градот Цирањанг во индонезиската провинција Западна Јава, при што загинаа 331 лице, а речиси 600 беа повредени.

Слични содржини