724
Претседателката Гордана Силјановска Давкова го амнестираше Акиф Јусуф од кланот Барон.
Со амнестија, му ја заменила 15-месечната затворска казна со условна казна: дека затворот нема да се ефектуира доколку Равмановски не направи ново кривично дело во наредните три години, пренесе Телма.
Равмановски инаку е затвореник кој сега ја отслужува затворската казна во Идризово. Но, веќе е слободен човек бидејќи одлуката за неговата амнестија е објавена во Службен Весник. Равмановски е познат како припадник на скопскиот клан Барон, а уште попознат и по друг уличен прекар- го викаат Акиф Јусуфи. Дополнително тој како осуденик беше осомничен за пукањето пред 8 дена во Чаир кога беше застрелан припадник на контра-групата од Грчец.