Силјановска се заборави па ја нападна владата во која таа беше член

од desk4

Претседателскиот кандидат на  ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова освен што заталкува со имињата на градовите вечерва  ја утна и нссоката на својата  критичка острица. Таа на вечерашниот митинг   во општина Центар, жестоко  удри врз владата на Бранко Црвенковски заборавајќи се дека во тоа време и  таа беше негов министер .

„30 години сме закопани во транзицијата, никако да влеземе во демократска консолидација. Секоја приватизација е грабеж и првобитна акумулација на капиталот. Англиските економисти велат дека во 19 век, овците ги изеле луѓето во Англија. Во Македонија политичарите и менаџерите на оваа власт во 90-тите години ги изедоа граѓаните и работниците. Преку ноќ се создаде една олигархиска група која не знае што да направи со парите. Затоа е шокантно кога социјалдемократите се фалат со енормни богатства“, истакна Сиљановска.

Силјановска тогаш беше  министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски. Година претходно била и член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија во 1991 година која презеде значајни чекори во независноста на земјата.

  За воља на вистината  денешните министри на Заев, во тоа време,  најверојатно биле средношколци, а професорката била дел од таа елита која требало тогаш  да го постави системот во новата држава, и да биде гласна во противењето тогаш  за  спречување на  правење на такви  олигархиски групи.

Слични содржини