Силна ЕКСПЛОЗИЈА одекна во Париз: Неколку згради горат, има повредени (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Денеска околу 17 часот одекна силна експлозија во Париз, јавуваат локалните медиуми. Според полициски извори, најмалку четири лица се тешко повредени од изгореници и при уривање на зградите.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека е во тек пожар во петтиот арондисман на Париз.

Пожарот зафатил неколку згради, а околните улици се затворени. Се сомнева дека експлозијата била предизвикана од гас, а париската полиција соопшти дека истражува што се случило.

Неколку жители пријавиле силен мирис на гас во областа.

„Имаше огромна експлозија, го напуштивме колеџот Лавоазие. Имаше отровен чад на страната Вал-де-Грејс. Пожарникарите се насекаде. Има скршено стакло, засега не знаеме дали има луѓе во зградата“, изјави една жена за liberation.fr по експлозијата.

Студентите од околните колеџи излегоа на улиците по експлозијата.

„Одеднаш се затресе. Излегов да видам што се случи и видов голем пламен“, рекол еден од нив.

Слични содржини