Силна експлозија во Ерусалим, ограничен пристапот до Стариот гради и џамијата Ал Акса

од Vladimir Zorba

Неколку минути пред почетокот на молитвата во Ерусалим се слушнала силна експлозија, јавува Си-Ен-Ен. Според американската телевизија, чад може да се види над Лавската капија, еден од неколкуте влезови во Стариот град.

Израелските власти го затворија патот што води до портата и го ограничуваат влезот во Стариот град. Пристапот до комплексот Ал Акса е исто така ограничен и до него можат да пристапат само луѓе постари од 60 години.

Си-Ен-Ен забележува дека ограничувањето на пристапот до џамијата Ал Акса, третото најсвето место за муслиманите, е контроверзен потег што може да се сфати како провокација. Палестинците кои живеат на Западниот Брег со денови не смеат да влезат во Стариот град.

Слични содржини