Силно невреме во Германија (ВИДЕО)

од Milan1

Германската национална железничка компанија „Дојче Бан“ денеска соопшти дека го прекинала сообраќајот на подолгите линии во седум од 16-те германски сојузни покраини, откако ураганот „Иленија“ рано утринава го погоди северниот дел на земјата.

Погодените покраини се Долна Саксонија, Бремен, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн, Мекленбург-Западна Померанија, Бранденбург и Берлин, иако ураганот ги погоди и повеќето други покраини, соопшти железничкиот оператор, пренесува Ројтерс.

Германската метеоролошка служба преку твит објави дека на полноќ регистрирала брзина на ветер од 152 километри на час на највисокиот врв на планинскиот венец Харц во северна Германија.

Слични содржини