Силва се извини по шокантниот резултат на Португалија

од Vladimir Zorba

Португалскиот играч за врска Бернардо Силва се извини по изненадувачкиот пораз на „морнарите“ од Србија со 2:1 во последниот натпревар од квалификациската група А за пласман на Светското првенство во Катар следната година.

Така го загубија првото место кое го заземаа пред пресметката со изедначени бодови со гостите, но водеa според гол разлика.

Со синоќешниот пораз фудбалерите на Фернандо Сантош стигнаа само до баражот, а самиот Силва беше сменет по околу еден час игра, а на негово место влезе Бруно Фернандеш.

„Тоа беше лош натпревар за Португалија. Рано постигнавме гол, но потоа како да престанавме да играме. Не можам да најдам објаснување за ова, зборовите ме доведуваат во заблуда. Беше навистина страшно, моравме многу подобро, бидејќи сега ќе треба да играме бараж и да направиме се што е можно за да се квалификуваме, но моравме многу подобро пред сите овие 65 илјади навивачи. Им се извинувам на португалските навивачи кои го гледаа овој натпревар. Планот беше да ја поседуваме топката, но дефинитивно бевме надиграни од Србија. Ова е недозволиво во позадина на играчите што ги имаме. Играв на работ на физичката кондиција и се обидував да дадам максимум, но потоа дојде моментот кога мораше да влезе играч кој беше во подобра форма“, изјави играчот од средниот ред на Манчестер Сити.

Слични содржини