Симбол на надежта: 91-годишна баба го победи коронавирусот

Женева Вуд (90) од Сиетл го победи коронавирусот и стана симбол за надежта за илјадници заразени Американци, особено оние постарите, но и за милиони кои се плашат од заразата, пишуваат американските медиуми.

Женева со вирусот се заразила во средината на февруари, како повеќето станари на Центарот за стари лица во Сиетл.

Имено, од нив 132, повеќе од 60 отсто, се разболиле, а четвртина од нив починале како последица на Ковид-19.

Geneva Wood update…She's clear and accepting hugs!

Публикувахте от Cami Neidigh в Неделя, 22 март 2020 г.

Нејзината внука Кејт Неидих, рекла дека на баба и болеста ѝ била потврдена на 6 март. Во Центарот завршила откако имала мозочен удар.

Но, како што рекла, не ја чуди што баба и „се извлекла“ од болеста, бидејќи таа секогаш била борец. Преку болничкото стакло, семејството 1 праќало пораки дека ќе „победи“ и дека ќе „бидат горди на неа“.

Женева Вуд има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и три праправнуци. Постојано е опкружена со голема количина љубов, што е можеби и причината за нејзиното опоравување.

Слични содржини