Симеоне: Гризман беше на теренот кога ни требаше

од Vladimir Zorba

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне беше задоволен од победата над Валенсија синоќа. „Јорганџиите“ победија на „Местаља“ со 1:0, а голот го постигна Антоан Гризман, кој се појави од клупата за резерви.

„Гризман успеа да одговори на најдобар начин. Важно е дека тој беше на теренот кога најмногу му беше потребен на тимот. Го познавам Гатузо од натпреварите што ги играв против него. Не се сомневам дека неговиот тим ќе го има неговиот ентузијазам и енергија. Кавани ќе ги направи уште посилни во нападот“, изјави Симеоне.

„Тешко ми е да прифатам дека загубивме. Неприфатливо е да имаме нула бодови од последните два натпревари. Им кажав на играчите дека мора да работиме и да гледаме напред. Кавани? Тој нема играно три месеци. Ќе видиме во каква состојба е“, прокоментира Гатузо.

Слични содржини