Симеоне, Гризман и уште тројца во Атлетико со коронавирус

од Vladimir Zorba

Шпански Атлетико Мадрид објави дека пет членови на тимот биле позитивни на коронавирус по проверка на протоколот во Ла Лига. Станува збор за главниот тренер Диего Симеоне и фудбалерите Антоан Гризман, Коке, Жоао Феликс и Хектор Ерера.

Петмината немаат никакви симптоми и се во карантин во своите домови.

Првиот натпревар во 2022 година за тимот на Атлетико Мадрид е дома против Рајо Ваљекано на 2 јануари во натпревар од 19. коло на Ла Лига.

Слични содржини