Симовски: Секогаш има реакции, за жал имаме експерти за сѐ и сешто

од Nikola Popovski

Сега сум многу горд и среќен човек што еве конечно после 20 години објавуваме податоци од попис, според кои ќе ја градиме иднината на државата. Секогаш има реакции. Во оваа држава има за жал многу експерти за сѐ и сешто, политички состојби, здравство, дури и воени аналитичари и цело време исти луѓе, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за реакциите во јавноста после денешните резултати од пописот.

Симовски вели дека целосно застанува позади бројките од пописот.

-Ако имаше мал проблем околу почитување на стандардите, одамна немаше да бидам дел од оваа институција и ќе дадев отказ, бидејќи целта беше да се спроведе квалитетен попис. Статистичар сум повеќе од 30 години. Добивме реални показатели. Не е целта да покажуваме посакувани состојби, туку како што се. Ако не се добри, треба да правиме напори за градење реални политики и подобри работи, кажа Симовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини