Симпсонови повторно во право? Фановите веруваат дека го предвиделе заразувањето на Том Хенкс

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон вчера објавија дека се заразени со коронавирусот, а обожавателите и теоретичарите на заговор се уверени дека Симпсонови веќе одамна го предвиделе ова сценарио.

Том Хенкс имал појавување во една од епизодите на Симпсонови во 2007 година. Во епизодата Хенкс го презентира новиот Grand Cаnyon и истакнува дека американската влада го изгубила кредибилитетот.

„Јас сум Том Хенкс и ве молам да не ми приоѓате доколку ме видите во живо“, вели Хенкс во цртаниот.

Многумина овие зборови ги поврзале со самоизолацијата во која Хенкс се најде поради коронавирусот. Некои исто така тврдат дека Симпсонови го предвидели и самиот коронавирус во епизода од 1993 година кога Спрингфилд се зарази со т.н. Осака вирус, со кој ликовите се заразиле со соковите од Јапонија.

Важно е да се напомене дека во серијата вирусот дошол од Јапонија, наместо од Вухан, кој е дури 2000 километри одалечен.

Слични содржини